ВИДЕО: Исланѓанец сними ерупција на вулкан со дрон одгоре

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Снимателот-упавувач на дронови Бјорн Стајнбек со неговото мало летало над вулкан на Исланд успеал да сними ерупција во мигот кога се случува. Видеото подробно и јасно ја прикажува лавата како излегува.

„Она што најмногу го сакам кај ерупциите на лава е тоа што секој ден се различни. Кратерот, од мигот кога почнува да се издигнува и сѐ дури трае ерупцијата, тој постојано се менува. Било тоа да е обликот, големината и она што најмногу го сакам – боите и како се менуваат поради гасовите и кислородот… Ова беше снимено во време што јас го нареков ‘сребрен миг’ и беше апсолутно неверојатно да се снима оваа убавина“, напиша Стајнбек.

Исланд има честа вулканска активност, поради неговата местоположба на Средноатлантскиот Гребен – дивергентна граница на тектонски плочи и постојано жариште на лава. Познато е дека само на овој остров, 30-на вулкани се активни во оваа холоценска епоха.