ВИДЕО: Италија победи на „Евровизија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија е победник на 65-тата Евровизија, што се одржа вчера во живо во Ротердам.

Во Арената Ахој присуствуваа 3.500 гледачи, кои поминаа низ строги протоколи со цел да бидат таму.

Победата на Италија и ја донесе групата Måneskin со песната “Zittie e Buoni”, која освои 524 поени во финалето, додека на второто место се најде Франција, и на третото Швајцарија.

Во финалето на Евросонг настапија претставници од 26 земји.

Откако беа прогласени за победници, пејачот од групата, Дамиано Давид на цел глас викна „Рокенролот никогаш не умира“.

Во групата се и гитаристот Томас, тапанарот Итан и басистот Викторија, чија матична земја е Данска. Оттаму, потекнува и името на групата Манескин, што значи Месечина.