ВИДЕО: Излезе трејлерот за „Пријатели“ – кој се придружува во омилената екипа и кога почнува емитувањето?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

HBO Max објави трејлер во времетраење од две минути со најава за специјалното издание на „Пријатели“ кое е најавено за 27-ми мај.

На трејлерот се прикажани Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер на оригиналниот сет во студиото каде се снимаше „Пријатели“.

Оригиналните ликови шетаат низ сетот, играат игри, го читаат сценариото и се присетуваат на легендарната серија, и феноменот во кој се претвори.

Според најавата, во специјалното издание ќе се појават многу познати имиња, како Дејвид Бекам, Џастин Бибер, БТС, Џејмс Корден, Синди Крафорд, Кара Делавин, Лејди Гага.

Во продолжение погледнете го трејлерот и уживајте: