ВИДЕО: Израел изврши упад на бродовите со хуманитарна помош за Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израелските војници пресретнаа меѓународна флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Тие се качија на бродови кои се приближуваа кон енклавата, објавија организаторите на мисијата.

Флотилата, која се состои од повеќе од 40 цивилни бродови, транспортира околу 500 парламентарци, адвокати и активисти. Таа планираше да ја пробие израелската блокада на Газа. Израелците ја започнаа операцијата во време кога флотилата беше на околу 90 наутички милји од енклавата. Досега се пресретнати најмалку 20 бродови, 24 сè уште пловат кон Газа.

Израелската влада, која го нарече обидот на флотилата да транспортира хуманитарна помош во воено разорената Газа „провокација“.

Според достапните информации, израелската армија заробила најмалку 20 брода од флотилата. Се вели дека 24 бродови сè уште пловат кон брегот на Појасот Газа.