ВИДЕО: Камион со течен гас експлодираше во Чиле, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камион што превезувал течен гас експлодирал вчера на автопат во Сантијаго, Чиле, предизвикувајќи штета во радиус од 200 метри. Во силната експлозија загинаа најмалку четворица, вклучувајќи го и возачот на камионот, а 17 други се повредени.

Според извештаите, возачот ја изгубил контролата врз возилото пред експлозијата. Огромниот облак од чад и силниот удар биле почувствувани на широко подрачје, оштетувајќи најмалку 50 возила.

Обвинителството започна истрага за причината за експлозијата, додека сопственикот на камионот, Гаско, сè уште не дал никаква официјална изјава.