ВИДЕО Катастрофа во Кина: Се урна мост кој неодамна беше отворен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоотворен мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но засега не е познато дали има жртви.

Дел од пристапот до мостот Хонгки и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето , објави Ројтерс.

Мостот долг 748 метри е дел од државниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради големата количина на врнежи.

Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сичуан Роудс“ и „Бриџ Груп“.