ВИДЕО: „Керсон е Украина“ – толпа народ излезе на улиците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Толпа луѓе излегоа на улиците на јужниот украински пристанишен град Керсон во знак на протест против неговата окупација од руските сили.

Тоа доаѓа во време на најави од страна на Русија дека планира да организира лажен референдум во градот за да создаде уште еден отцепен регион, како оние во Доњецк и Луганск во источна Украина, и да инсталира марионетска администрација.

Фотографиите покажаа луѓе собрани на Плоштадот на слободата во центарот на Керсон како веат украински знамиња и држат знаци на кои пишува: „Керсон е Украина“.