Пред пристаништето во Пула бил забележан кит.
Експертите сè уште не се сигурни, но шпекулираат дека веројатно станува збор за перкаст кит, вид кој нормално живее во Медитеранот, а чии најголеми примероци можат да достигнат 27 метри.
Експертите ги замолуваат сите пловилари да не го вознемируваат животното за да не се насука.
„Врз основа на она што го видов, тешко ми е да проценам за каков вид станува збор, но секако е голема вест за нас и за северниот Јадран. Вообичаениот морски цицач што е присутен таму е делфинот со шише нос, а овој вид морски цицач – китот – не е многу честа појава.
Секако би апелирал до граѓаните, корисниците на морето и пловилата да бидат внимателни кога се движат по рутата од Пула понатаму кон северниот Јадран за да не го вознемируваат животното, бидејќи имало примери на китови кои се насукале поради вознемирување“, рече д-р сц. Невен Ивеша, морски биолог од Природно-научниот факултет во Пула.
