Колку треба еден човек да биде храбар за да поседува вакво домашно милениче?!
Одговорот го има еден корисник од социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, тој својата змија со име Дестро ја пушта и на кратки прошетки во дворот за време на сончевите денови.
Имено, овој вид, оригинално е „Gaboon Viper”, и е вид на поскок кој може да се пронајде во дождовните шуми и саваните во Супсахарска Африка.
Змијата сама по себе изгледа многу некарактеристично, а како и секој поскок многу е отровна.
Се работи за змија, која е втора по ред во светот што ослободува огромна количина отров.
