ВИДЕО: Лукашенко падна за време на хокеарски натпревар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, падна за време на хокеарски натпревар меѓу тимот на лидерите на Белорусија и тимот на Брестската област, кој се одржа денеска во Минск и заврши без победник со резултат 5-5.

На снимката се гледа како играчот на претседателскиот тим, број 68, поранешниот белоруски хокеарски репрезентативец Јарослав Чуприс, случајно го удри Лукашенко во грбот, предизвикувајќи негов пад, пренесува Известија.

Чуприс веднаш му помогнал на белорускиот претседател да се подигне.

Натпреварот се одигра во Олимписката арена во Минск.

Лукашенко и претседателот на Русија, Владимир Путин, веќе играа хокеј во 2021 година по нивниот средба.

Тогаш натпреварот се одржа во ледена арена за деца во Стрелна, Санкт Петербург.

На повик беа поканети и мајстори на хокејот, претежно поранешни шампиони, за да учествуваат.

Путин и Лукашенко тогаш играа за „Белиот“ тим против „Црвениот“ тим.

„Белиот“ тим победи со резултат 18-7, Путин постигна седум голови, а Лукашенко два.