ВИДЕО: Мистериозно „руско оружје“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мистерија која трае веќе 10 години. Угледни европски новинари објавија ново истражување за тајното руско оружје за кое се вели дека предизвикува невролошки проблеми. На така наречениот „хавански сидром“ се жалат бројни дипломати од Америка.

Се нарекува хавански синдом бидејќи за прв пат е пријавен меѓу американски дипломати во главниот град на Куба пред осум години. Од тогаш до денеска, забележани се над 1500 случаи со чудни состојби пропратени со главоболка, јака бучава, несвесница, трајно пореметување на концентрација и низа на други невролошки симптоми.

„Кога разговарате со луѓето, кога слушате низ што поминуваат, за мене нема сомнеж дека нивните искуства се вистински, дека симптомите се реални“, вели Антони Блинкен.

Угледни новинари од Инсајдер, година дена работеа на истражување и следење на руски воени агенти. Заклучувајќи дека дел од појавите на хавански синдром се случиле додека одмарале во близина на заболените. За какво оружје може да станува збор, во моментов само се нагодува.

„Најчесто хаванскиот синдом се поврзува и напаѓа Русија. Но никаде и никогаш не се објавени цврсти докази дека за овие наводи“, порача Димитриј Песков.

Медицинското истражување кое го нарача американската влада не пронајде значајни докази за овие невролошки проблеми на мозокот кај службениците кои пријавиле тегобии. Повеќе од четвртина имаат трајни симптоми, како вртоглавица и замор.