Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и пратеничката Ангелинка Петкова, си заминаа од Собранието.
Тие, иако позитивни на ковид-19, утринава дојдоа во Собранието со цел да гласаат на седницата за доверба на Владата.
Според протоколот, тие треба да гласаат во посебна просторија.
Инаку, докторите предупредуваат дека повеќе од шест часа никој не смее да седи во скафандер бидејќи може да дојде до колабирање.
„Максимум пет до шест саати може да се седи во скафандер и после тоа се прави неколку саати пауза, па повторно може да се облече“, едногласно потврдиле шест лекари за Фокус.
