ВИДЕО: Најмалку 16 загинати во поплави во Аргентина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 16 лица загинаа во поплавите што го погодија источниот брег и градот Баја Бланка, Аргентина, соопштија официјални лица.

Поплавите се предизвикани од обилните дождови кои паѓаат од петокот, а властите велат дека трагаат по десетици исчезнати лица, пренесува АП.

Досега, екипите евакуирале повеќе од 1.450 луѓе од градот, кој се наоѓа јужно од главниот град Буенос Аирес, а меѓу евакуираните има и пациенти од локална болница.