ВИДЕО: Најмалку 60 загинати во земјотресот на Филипини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер го погоди централниот дел од Филипините, при што загинаа најмалку 60 лица, соопшти претставник на цивилната заштита.

Како што изјави тој, бројот на жртви останува „променлив“ како што пристигнуваат нови извештаи од службите за итни случаи.

Стотици последователни потреси го погодија Себу Сити од синоќешниот земјотрес. Најмалку 225 такви потреси се регистрирани до 09:19 часот по локално време денес, објави Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Во соопштението, филипинскиот претседател Фердинанд Маркос ги повика луѓето да останат внимателни и да соработуваат со локалните власти.