ВИДЕО: Напад во Амстердам, пет лица избодени со нож

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица се повредени во напад со нож во близина на централниот плоштад Дам во Амстердам, соопшти полицијата.

Според првичните информации, едно лице е уапсено, но се уште не е познат мотивот за нападот.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја опколила областа на Синт Николастрат и самиот плоштад Дам. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптер слетува на плоштадот, додека повредените се транспортираат во болница.

Нападот се случил нешто пред 15:30 часот. локално време. Весникот „Де Телеграф“ наведува дека најмалку четиринаесет полициски возила и еден полицаец на мотор пристигнале на местото за 15 минути.

Плоштадот Дам е едно од најпосетуваните места во главниот град на Холандија, лоциран во историскиот центар на Амстердам и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата.