Националната арена „Тодор Проески“ доби модерен технолошки апгрејд, откако Фудбалската федерација на Македонија инвестираше во нов, голем ЛЕД екран.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека станува збор за сопствен ЛЕД екран со должина од 210 метри, кој значително ја подобрува видливоста за гледачите, но и за спонзорите и партнерите. Со оваа инвестиција, федерацијата го напушта досегашниот систем со рекламни „дрвени табли“ и го усогласува стадионот со современите европски стандарди.
„Ова е уште еден реализиран проект кој го потврдува нашето ветување за професионализација на македонскиот фудбал“, рече Омерагиќ, додавајќи дека новиот ЛЕД екран ќе го збогати доживувањето на секој натпревар на националната арена.
