ВИДЕО Необичен случај: Мечка затвори аеродром во Јапонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аеродромот во близина на градот Ивата, во Јапонија, беше затворен на одредено време.

Причината е мечка забележана во близина на пистата ан аеродромот „Ивате Ханамаки“ кратко по 13 часот по локално време во среда.

Дојдовните и полетувачките летови беа обновени во 14:30 часот откако службениците на аеродромот потврдија дека повеќе нема безбедносна закана.

Во Јапонија се регистрирани повеќе од 100 напади од мечки од април, со рекордни 13 усмртени лица.