ВИДЕО Нова ерупција на вулканот Етна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нова пукнатина се отвори утрово на планината Етна, исфрлајќи лава на надморска височина од 3.000 метри на јужната страна од кратерот Бока Нуова. Оваа информација ја потврди Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), чиј персонал врши мерења и ја следи ситуацијата на терен. Според првичните податоци, протокот на лава се движи кон југ, пишува „Кориере дела Сера“.

Сеизмолошки, досега не се регистрирани значајни промени. Изворот на вулканскиот потрес се наоѓа на надморска височина од 2.800 метри, помеѓу кратерот Ворагине и североисточниот кратер, и досега нема зголемена инфразвучна активност.

Добрата вест е дека нема емисија на вулканска пепел, поради што аеродромот во Катанија продолжува да работи нормално. И покрај ова, како превентивна мерка е прогласено портокалово ниво на тревога за воздушниот сообраќај. Експертите продолжуваат внимателно да го следат развојот на ситуацијата.