Низ повеќе градови во земјава од 18 часот повторно се протестираше против најавата на Министерството за образование и наука дека учениците од четврто одделение ќе учат од дигитални учебници.
Од транспарентите на протестот може да се забележи дека оние кои протестираат остануваат на ставот за референдум како и за тоа дека доколку не бидат прифатени нивните барањата, нивните деца ќе ја бојкотираат наставата.
Од министерството за образование остануваат на ставот дека промени мора да има, со цел учениците после завршувањето на образованието да станат продуктивни граѓани.
Денеска до Собранието, група на родители повторно достави предлог за референдум, откако првиот пат беа одбиено поради неуредна документација.
