Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се претвори во вистинско фијаско.
Трамп и Зеленски се расправаа пред камера, а Трамп му викаше на украинскиот претседател и го замолчуваше. Се заврши со ненадеен прекин на посетата на Зеленски. Прес-конференцијата на која Трамп и Зеленски требаше да потпишат договор за минерали исто така беше откажана.
За време на прес-конференцијата во Овалната соба на Белата куќа се случи уште еден интересен настан.
Новинарот кој важи за про-Трамп, Брајан Глен, со потсмев го праша Зеленски за неговата облека.
