ВИДЕО: Обид за бегство од полициски службеник во Гостивар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице се обидело да избега од полициски службеник кој вршел сообраќајна контрола на улиците низ Гостивар.

„На 24.04.2021 во 15.10 часот на крстосница од бул.„Браќа Ѓиноски“ и бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(49) од с.Балиндол, гостиварско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочуваат од МВР.

Од видеоснимката може да се забележи дека возачот на автомобилот започнува да вози со цел да побегне, но полицискиот службеник успева да го спречи.