Бугарското МВР објави видео од вчерашното апсење и процесуирање на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
На снимката се гледа како Борисов во придружба на полицијата без лисици на рацете пристигнува во полициската станица.
Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на државата и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Информацијата ја потврдија и од партијата за локални медиуми.
Полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата е „итна проверка“. Контроли се вршат и во домовите на претставниците на големиот бизнис.
Бугарските медиуми јавија дека се приведени Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.
