ВИДЕО: Одекнуваат експлозии во Париз, во близина на канцеларијата на францускиот премиер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозии го потресоа центарот на Париз утрово, пред да избувне пожар во комбе во близина на канцеларијата на францускиот премиер.

Сведоците изјавија дека слушнале три експлозии преку улицата од хотелот „Де Матињон“, официјалната резиденција на францускиот премиер.

Пожарот се случил во време кога премиерот Себастијан Лекорну треба да одржи состаноци по неговата оставка, пишува „Мирор“.

Сведоците споделија снимки од последиците од експлозијата на социјалните мрежи. Едно видео покажува чад како излегува од комбе во сопственост на француска компанија за улично осветлување.