Се верува дека улицата Вејл во Бристол е најстрмата станбена улица во Англија.
Иако е долга само нешто повеќе од 100 метри, оваа стрма чудо во квартот Тотердаун има наклон (нагорнина) од 22 степени и претставува голем предизвик за пешаците, велосипедистите, но и за возачите на автомобили.
Не е лесно да се искачите по неа, па не е чудно што многу луѓе доаѓаат овде да ја тестираат својата физичка издржливост и сила, но и да направат некоја фотографија за социјалните мрежи.
Во велигденско време е вистински хит, бидејќи нејзиниот наклон е совршен за натпревари во тркалање на велигденски јајца.
На жителите најтешко им е кога ќе биде ладно, кога ќе започне да врне дожд, или кога ќе се покрие со снег. Тогаш паркираат автомобили вертикално за да не се лизгаат, а некои ги врзуваат и за столбовите на уличното осветлување од истата причина.
