Мал авион што превезуваше странски туристи од Унгарија и Германија се урна денес во Кенија, при што загинаа сите 11 лица во авионот.
„Момбаса Ер Сафари“ соопшти дека авионот превезувал 10 патници: осум Унгарци и двајца Германци. Пилотот бил Кениец. „За жал, нема преживеани“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Fatal plane crash Kwale. 12 pax on board. No survivors. Mombasa Air.
— ONJOLO KENYA🇰🇪 (@onjolo_kenya) October 28, 2025
Accident Notification, RRV203, 5YCCA, C208 Diani to Kichwa Tembo crashed in Kwale Simba area at 0530Z, POB 12. pic.twitter.com/0tN1HM4Bwr
Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека несреќата се случила во регионот Квале, во близина на брегот на Индискиот Океан, околу 6:30 часот наутро.
Командантот на регионалната полиција во соопштението објавено од јавниот радиодифузен сервис Кенија Бродедиск Корпорејшн изјави дека сите патници биле туристи. „Ситизен ТВ“ објави дека телата на членовите на екипажот биле изгорени до непрепознатливост.
Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот летал од крајбрежниот град Диани до Кичве Тембо во резерватот Масаи Мара во Кенија.
