ВИДЕО: Пет лица загинаа во земјотресот на Филипини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет лица загинаа во земјотрес од 6,9 степени што ја погоди централната област на Филипини, соопшти локалната полиција.

Земјотресот предизвика оштетувања на згради и улици и прекини во електричната енергија.

Се урна училиште и зграда со продавници во градот Бандајан.

Локалните власти ги повикаа жителите да се држат подалеку од плажите, а Центарот за цунами соопшти дека нема закана од цунами.