Шпанија вечерва од 21 часот ќе игра против Албанија во третото коло на Европското првенство.
Шпанците ја освоија групата пред Италија, Хрватска и Албанија, па вечерва можат да играат растеретено.
Албанија ќе бара победа за да има шанса да се пласира во осминафиналето. Во шпанската репрезентација владее одлична атмосфера.
На социјалните мрежи се појави видео на кое капитенот Алваро Мората им готви карбонара на своите соиграчи.
Мората се покажа како вистински мајстор во кујната и со кратко видео ги воодушеви фановите. Видеото беше хит на социјалните мрежи, а неговите соиграчи беснееја по вкусната храна.
🇪🇸🍝 Alvaro Morata cooked carbonara for his Spain teammates… they enjoyed it!
— EuroFoot (@eurofootcom) June 23, 2024
He's cooking. 😎👨🍳 #EURO2024 pic.twitter.com/gt1KU65yXi
