ВИДЕО: Полицијата не најде ништо кај Бујковци, Скопско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата се повлече, откако ништо не пронајде во атарот на село Бујковци, Скопско, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

  • Извештај од терен на Јовица Пауноски

Според информациите на жителите со кои разговаравме, тврдат дека виделе летечки објект кој подоцна го снемало. Се ова се случувало попладнево додека атарот бил зафатен од силно невреме.

Доцна вечерва се повлекоа сите полициски единици, а од МВР за ТВ21 велат дека не е ништо пронајдено.

Претходно и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство потврди дека кај нив е е пријавен никаков инцидент.

На аеродором Петровец кој недалеку се наоѓа од селото, потврдуваат дека авио сообраќајот се одвива нормално и реализирани се сите полетувања и слетувања.