Граничната полиција привела петмина нелегални имигранти од Авганистан кои се засолнувале во џамија во селото Костурник, пренесува ТВ21.
Голем број други имигранти биле фатени при обид да ја напуштат областа.
Властите потврдуваат дека приведената група ќе биде префрлена во имиграцискиот центар во Табановце на понатамошна постапка.
Локалните жители велат дека оваа мигрантска рута често носи сомнителни луѓе кои ја загрозуваат јавната безбедност. Оваа рута е многу популарна за мигрантите, кои транзитираат од Грција и потоа продолжуваат кон Србија и во западноевропските земји.
