ВИДЕО: Потпорен ѕид и пат се срушија во Србија, биле градени без дозвола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На градилиште во близина на Центарот за извонредност во Крагуевац, Србија утрово се урнаа потпорните ѕидови и дел од пристапниот пат, а како што се испостави, инвеститорот РП Инвест градел целосно нелегално бидејќи неговото барање за градежна дозвола било одбиено претходниот ден.

Снимката што стана вирална го прикажува моментот кога поткопаниот дел од патот, заедно со потпорниот ѕид, се урива кон градилиштето. Точната причина за уривањето сè уште се утврдува. Медиумите претходно објавија дека задолжителната табла со информации за инвеститорот, изведувачот и бројот на градежна дозвола не била поставена на градилиштето.

Истрагата на „Нова економија“ откри дека градилиштето ѝ припаѓа на компанијата РП Инвест 1980, која го изградила објектот без важечка градежна дозвола. Компанијата поднела барање за дозвола пред 11 дена, но вчера било одбиено, според податоците од Централниот регистар на градежни дозволи.

Во образложението на одлуката се наведени голем број неправилности. Меѓу другото, беше утврдено дека димензиите на подземните катови не се во согласност со Локациските услови и Проектот за урбанистичко планирање.