ВИДЕО: Пожар во ковид одделение во Бугарија – познати причинитe

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пожар во интензивниот дел од ковид болницата во Русе, Бугарија. Пожарот бил регистриран на петтиот кат од болницата, каде што биле хоспитализирани во тој момент четири пациенти.

Лекарите и медицинскиот персонал итно биле евакуирани, а цела среќа е што нема повредени, ниту загинати пациенти.

Еден лекар, две медицински сестри и неколку хигиеничари веднаш се вдале во гаснење на пожарот, откако пациентка на 71 годишна возраст го причинила пожарот со запалка.

Инаку сите пациенти кои се наоѓале на тој спрат биле поврзани на двоен кислород.

Да потсетиме, дека во Тетово на 8-ми септември имаше пожар во ковид модуларната болница при што загинаа 14 лица.