Членови на Независниот синдикат на полицијата денеска излегоа на протест преку кој бараат да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.
„Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и Гостивар, што го потврдуваат нашето барање“, велат од Независниот синдикат на полицијата, организатор на протестот.
Како што велат, тие не се службеници од втор ред.
