По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга-Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, струшките велосипедисти денеска излегоа на протест пред општината.
Тие бараат Општина Струга и ЈП „Македонски патишта“ да изградат велосипедска патека на патот Струга – Охрид.
Ваквото барање се должи на тоа што се чувствуваат загрозени во сообраќајот.
