Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го напушти Собранието, а новинарите го прашаа за коментар откако седницата беше прекината и беше јасно дека опозицијата нема мнозинство за да и изгласа недоверба на Владата.
„После ќе ви дадам изјава“, кусо одоговори Николовски.
Моментално еден час пауза во Собранието по барање на ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме се јави и пратеникот на Беса кој недостигаше во законодавниот дом за да има мнозинство.
Тој рече дека нема да присуствува на седницата на која се гласа недоверба.
