Најмалку 11 лица, меѓу кои ученици и една наставничка, се убиени во пукање во училиште во Казан, главниот град на руската Република Татарстан.
Според неофицијалните информации се работи за двајца тинејџери кои пукале во своите соученици. Еден од нив е уапсен, а снимки од неговото апсење се појавија и на социјалните мрежи.
The moment of detention of one of the attackers in the #Kazan school.
— Ali Özkök (@Ozkok_A) May 11, 2021
Some say he is 19-year-old Ilnaz Galyaviev.
#Russia pic.twitter.com/U1J8FYyx8Z
Инаку, напаѓачот, идентификуван како Илназ Гаиалијев, има 19 години и е поранешен ученик во тоа училиште.
Според порталот База, тој на апликацијата Телеграм пред нападот креирал канал и оставил неколку пораки. Се фотографирал со маска на која пишува „Бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето а потоа ќе се застрела себеси.
Мотивот за нападот се уште не е познат.
Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.
Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот.
Утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Татарстан во спомен на жртвите.
