ВИДЕО: Пукање во амбасадата на САД во Либан, застрелан напаѓач

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маж утрово отвори оган во зградата на американската амбасада во либанскиот главен град Бејрут .

Војниците го застрелале напаѓачот, сириски државјанин, кој бил пренесен во болница, објави Ројтерс.

Дипломатското претставништво увери дека нема повредени вработени во амбасадата.

Покрената е истрага за случајот.