Попладнево имало пукање во Куманово, јавува ТВ21.
Според неофицијални информации, се дознава дека д-р Зекирја Шахини од село Слупчане, носител на Листата за советници во Општина Липково од страна на НАИ, бил застрелан.
Инцидентот се случил во близина на зградата на Пензискиот фонд во Куманово, односно на влезот во Брзата помош.
Според неофицијални информации, Шахини е надвор од животна опасност.