Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само една недела по вториот обид за атентат врз Доналд Трамп.
Штетата предизвикана од неколку истрели испукани по полноќ во понеделникот била откриена во канцелариите на Демократскиот национален комитет во населбата Темпи во Феникс, соопшти локалната полиција, а пренесува Њујорк пост.
„Никој не беше во канцелариите во текот на ноќта, но тоа предизвикува загриженост за безбедноста на оние кои работат во зградата, како и на оние во близина“, изјави портпаролот на полицијата Рајан Кук.
Тој потврди дека полициските инспектори ги анализираат доказите собрани на местото на настанот и дека се преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста на персоналот и другите луѓе кои работат и живеат во областа.
Засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент, соопшти Кук.
Shots fired into Kamala Harris Arizona campaign office pic.twitter.com/9Vxpxx9Y0S
— Breaking News (@TheNewsTrending) September 25, 2024
