На самитот на „Процест за соработна на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)“ кој вчера се одржа во грчкиот град Солун, присуствуваа многу високи претставници меѓу кои и премиерите на Албанија Еди Рама и на Македонија Димитар Ковачевски. Тука беа и германскиот канцелар Олаф Шолц, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во еден момент пред вечерата кога Шолц дојде да се поздрави со присутните, додека се ракуваше со Ковачевски, албанскиот претседател Еди Рама пријде од позади и му соопшти на Шолц дека се поздравува со „премиерот на идна Западна Бугарија“.
На ова Ковачевски одговори со насмевка.
Погледнете како изгледаше тоа низ видео: