Извештаите од Керсон, пристанишниот град во јужна Украина за кој Русија утринава тврдеше дека ја презел целосната контрола, се различни.
Локалните власти сè уште тврдат дека градот е под украинска контрола.
Сега видеото објавено на YouTube се чини дека покажува руска војска во центарот на градот, вклучувајќи тенк и војници кои носат бели ленти на рацете.
