Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого Судот на БиХ издаде централна потерница, пристигна во Москва, од каде преку видео порака на социјалната мрежа Х се обрати до јавноста.
„Стигнав во Москва. Секогаш кога доаѓам тука, најпрво го посетувам Споменикот на непознатиот војник, оддавајќи почит на 28 милиони Руси кои загинаа во Втората светска војна. Повторно ќе бидам тука на 9 мај, на покана од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот“, изјави Додик во видеото што го објави.
➡️ Стигао сам у Москву. Сваки мој боравак овдjе почињем посјетом споменику Незнаном јунаку како бих одао пошту 28 милиона страдалих Руса у Другом свјетском рату.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) March 31, 2025
➡️ Овдjе ћу бити поново 9. маја на позив предсједника Руске Федерације Владимира Путина на обиљежавању 80. гoдишњице… pic.twitter.com/CMd5jqYda8
Според N1 Сараево, освен за Додик, централна потерница е распишана и за Ненад Стевандиќ, претседателот на Народното собрание на РС, и Радован Вишковиќ, премиерот на РС, поради сомнение за загрозување на уставниот поредок на БиХ.
Се чека одлуката на ИНТЕРПОЛ за распишување на црвена потерница за Додик и Стевандиќ, кои неодамна патувале надвор од БиХ. Стевандиќ престојувал во Белград, а потоа се вратил во Бања Лука, додека Додик се движел по релација Бања Лука–Белград–Израел пред неговото патување во Москва.
