ВИДЕО: Се урна американски борбен авион Ф-16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американски борбен авион „Ф-16Ц фалкон“ на американските воздухопловни сили се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона, на работ на Националниот парк „Долина на смртта“.

Пилотот претрпел полесни повреди. На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа моментот кога авионот се урнал и пилотот се катапултирал.

„На 3 декември 2025 година, околу 10:45 часот наутро, пилот на „Тандерберд“ безбедно се катапултираше од авионот „Ф-16Ц фајт фалкон“ за време на обука во контролиран воздушен простор во Калифорнија. Пилотот е во стабилна состојба и добива дополнителна медицинска нега. Инцидентот е под истрага, а дополнителни информации ќе бидат објавени наскоро“, објавија од американските воздухопловни сили.