ВИДЕО: Се урна хеликоптер за итна помош во Либија, загинаа пет лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хеликоптер за брза помош се урна во базата Ал-Сара во Либија, враќајќи се од мисија за медицинска евакуација, при што загинаа пет лица, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во област околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот „Ал-Васат“.

Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба и медицинска сестра од болницата во Куфра. Останатите две жртви се странски државјани, пилотот на хеликоптерот и неговиот помошник.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а либиските власти сè уште не објавија официјално соопштение за падот на хеликоптерот.