ВИДЕО: Се урна мост во Белгија на автопат, има загинат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маж загина, а две лица се повредени кога се урна мост на автопат во близина на градот Ла Лувиер на југот на Белгија, соопштија властите.

Градоначалникот Жак Гобер исјацви дека еден работник кој се наоѓал на челичниот мост загинал, додека двајца негови колеги се со сериозни повреди кога конструкцијата се срушила.

Мостот кој бил затворен за сообраќај поради работи, беше дел од двоен премин на автопатот Е42 пеку каналот „Канал ду Центре“. Планирано било да се сруши и да се реконструира идната година.

Другиот мост веднаш до урнатиот е реновиран последните години. На тој мост веднаш е нормализиран сообраќајот, со оглед дека нема опасност после неговото реновирање.