Прототипот на воениот авион Ил-112В се урна денеска за време на пробно летање во московскиот регион, објави Aeronews.
Од Обединетата авионска корпорација на Русија ја потврдуваат несреќата и велат дека во моментов се работи на деталите за инцидентот.
Од таму додаваат дека во моментот на несреќата во авионот биле тројца членови на екипажот.
Засега не е познато дали има жртви или повредени лица, а ќе има комисија која ќе ја утврди причината на падот.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!
