ВИДЕО: Се урна турски воен авион на границата меѓу Азербејџан и Грузија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турски воен транспортен авион Ц-130 се урна денес на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во објава на социјалните мрежи на министерството се наведува дека авионот полетал од Азербејџан кон Турција и дека во координација со властите на Азербејџан и Грузија веднаш се започнати операции за пребарување и спасување , објавува турски „Хуриет“.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, изрази жалење за несреќата и изјави дека спасувачките операции се уште се во тек.

„Разговарав телефонски со министерот за внатрешни работи на Грузија, Гела Гелаџа, кој исто така оди на местото на несреќата. Изразувам сочувство до нашиот народ“, напиша Јерликаја на социјалните мрежи.

Ц-130 Херкулес, произведен од американската компанија „Локид Мартин“, има четири мотори и е наменет за воени транспортни задачи.