ВИДЕО: Се урна зграда во Либан, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои жена и дете, а шест од нив беа спасени од урнатините на повеќекатна станбена зграда што се урна во неделата во Триполи, на север од Либан, објавија денес либанските медиуми.

Спасувачките екипи продолжуваат да копаат низ урнатините во потрага по уште осум лица за кои се верува дека се закопани под урнатините, објави државната Национална новинска агенција.

Десетици луѓе се собрале околу урнатините на зградата, што ја принудило либанската полиција да пука во воздух, пренесува АП.