ВИДЕО: Се урна зграда во центарот на Мадрид, се трага по исчезнати лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зграда во изградба се урна денес во самиот центар на Мадрид, која се наоѓа на улицат Кале Хилерас број 6.

Според првичните извештаи, најмалку тројца работници се повредени , а службите за итни случаи бараат уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под урнатините, објави „Ел Паис“.

Единаесет противпожарни екипи од градот беа испратени на местото на настанот. На тројца работници им беше укажана медицинска помош; еден беше однесен во болница со скршена нога, додека другите двајца претрпеа полесни повреди. Иако четворица првично беа пријавени како исчезнати, полициски извори сега потврдија дека сè уште се бараат две лица.