Во спортската арена А1, Борис Трајковски се вакцинираа и пожарникарите од Град Скопје.
„Нашите градски херои од Пожарна Скопје кои секогаш се тука да ги заштитат своите Скопјани, изложени на постојан ризик на прва линија на фронтот и работејќи неуморно без ниту еден ден одмор во целата пандемија, се првите од сите градски служби кои го направија вакцинирањето против Ковид 19“.
напишаа на објавата од Град Скопје.
Првиот човек на Град Скопје вели дека токму пожарникарите се секогаш тука за да ги заштитат Скопјани и тие се изложени на постојан ризик на првата линија од фронтот.
„Тоа што е најважно е дека во овие исклучително тешки времиња потребно е да ги зачуваме колективниот дух и солидарноста кои ни даваат цврстина и решителност да истраеме. Со надеж дека полека се доближуваме до излезот од кризата и пандемијата која го зафати целиот свет, она што ни преостанува е во овие клучни моменти е да си ја дадеме поддршката и силата која ни е потребна. Затоа ги посетивме скопските пожарникари кои во салата Борис Трајковски ја примија вакцината против Ковид-19 како дел од процесот за имунизација на населението. Остануваме заедно, остануваме силни!“, напиша Шилегов.
