ВИДЕО: Силен удар ги преплаши Загребчани: „Нешто падна“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен тресок вечерва нешто по 23 часот се слушнал во дел од хрватскиот град Загреб.

Полицијата и пожарникарите моментално се на терен на Јарунска цеста, каде испитуваат за што станува збор.

Помеѓу граѓаните од тој дел на градот се шири приказната дека нешто паднало од небо, а други информации кои се појавуваат говорат дека можеби се работи за експлозија на гас.

Според граѓаните, имало мирис на плин и метал.